Денес целиот свет го познава ужасното дејство на бомбите. Бомбите се усовршени до степен кој уште пред извесно време не можел дури ни да се замисли. Старите, грубо изработени бомби не можат ни одблиску да се споредат со атомските и хидрогенските бомби на денешницата, меѓутоа, и двата вида бомби се засновуваат на ист принцип.

Бомабата е шиплива железна топка или валчеста кошула наполнета со некој експлозивен материјал. Се испалува со пушка, се фрла со рака, се пушта од авион или просто се поставува на некое згодно место каде што експлодира. Кинезите употребувале бомби уште пред повеќе стотици години. Тоа биле садови од печена глина во кои ставале барут, а имале форма на змеј, змија или птица. Главната намена на тие бомби им била со голем шум да го исплашат непријателот. Кинеската војска такви бомби употребувала до почетокот на 10-от век.

Во западните земји топовските ѓулиња наполнети со експлозив се нарекувани бомби. Малите бомби што се фрлаат со рака се нарекувани гранати, а посебни трупи, таканаречени гренадири, посебно се обочувани да ракуваат со тоа оружје.

Во Првата светска војна за прв пат се фрлени бомби од авион и тоа во голем број. Во Втората светска војна од авион се исфрлени милиони килограми бомби. Така зборот „бомба“ во најново време означува само бомба што се пушта од воздухот. Другите типови бомби имаат посебни имиња: гранати, торпеда и мини.

Постојат три типа воздушни бомби, според тоа каква им е намената. Тие можат да бидат разорни, за разбивање и за предизвикување на пожари. Разорните бомби се употребуваат за уривање на згради. Со експлозијата тие создаваат воздушен ударен бран, сличен на ненадеен виор, кој силно потискува  на сè што ќе наиде. Експлодираат  при удар или со помош на уреди за подоцнежно палење.

Распрскувачките бомби се многу помали од разорните и се тешки од  1/2 до неколку стотици килограми. Нивните цели се луѓе или помали објекти. Таквата бомба со експлодирањето се распарчува на многи мали делчиња и сите се однесуваат како куршуми.

Запаливите бомби содржат запаливи материи што согоруваат, предизвикувајќи огромна топлина. Нивната цел е да предизвикаат пожари, кои понекогаш зафаќаат и цели градови.