Халеева комета е најпозната комета во историјата на човештвото. Наречена е така според својот откривач астрономот Едмунд Халеј. Тој во 1682 година ја открил кометата а во таа година се преселил во градот Излингтон. Халеј долго ќе ја памети необичната појава на небото. Дваесет и три години подоцна прв ќе објасни дека телото кое е видено како и небеската појава во 1531 и 1607 година преставува една иста комета.

Халеј пресметал дека кометата се јавува на секој 75-76 години со мали отстапки поради влијание на грвитција од разни небески тела, на основа на пресметаката предвидува дека повторно ќе биде видена во 1758 година, а неговата прогноза се испоставила дека е точна. Халеј не дочекал доаѓање на кометата тој умрел, а за чест негова е наречена со негово име.

Кометата спаѓа во групата на сјајни комети на краток период. Оваа  комета се гледа на секои 75-76 години кога последен пат беше видена во 1986 година, а следен пат ќе се види во 2061 година. Јадрото на Халеевата комета е со големина 16х8х8 км. На површината на кометата можат да се препознаат возвишувања, долини и кратери.

Голем  број податоци за структурата на кометата во 1986 година дала сондата на Џото, која се приближила до кометата на растојание од 600 километри и го фотографирала нејзиното јадро. Јадрото на кометата е изградено од карпи, мраз и непознат материјал. На површината на кометата се наоѓа дебела темна кора со непознат хемиски состав. Халеевата комета се јавува како инспирација или тема во разни гранки на уметноста и во популарната култура како на пример:

„Халеевата комета“ – збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1967 година.