Дали сте замислувале за место кое наликува на оние места, како ние што велиме „место од бајките“. Да! Ние сите замислуваме, а дали знаевте дека такви места всушност и постојат, со нивната убавина го воодушевуваат секој еден посетител, едно од таквите места е Халштат селска населба во Австрија сместенадсада помеѓу југозападниот брег на Халштат Езерото и стрмните падини на Дахштајн. Оваа прекрасно идилично место се наоѓа во регионот Салцкамергут на патот што ги поврзува Салцбург и Грац.

Одмор во ова место на светско наследство, е неверојатно прекрасно, во оваа оригиналност ќе откриете навистина уникатна култура со грандиозна историја, а сите планински поставки ќе ви го одземаат здивот. Халштат е познат по производството на сол, оваа локација датира од праисториските времиња, со голема археолошка култура поврзана со прото-келтските луѓе од раната железна ера во Европа пред околу 800 – 450 години п.н.е. Културата на Халштат беше доминантна во западниот и централниот дел на европската култура во доцна бронзеното време и раната железна ера во Европа

Дневно, Халштат го посетуваат околу 10.000 туристи од Азија, со повеќе од еден милион луѓе годишно. Од 1997 годиндасда Халштат е заштитен од УНЕСКО..Туризмот во Халштат започна во 19 век, но значително се зголеми откако беше прогласен за светско наследство на УНЕСКО. Халштат привлече голем број туристи откако се појави на јужнокорејското шоу во 2006 година пренесува News.com.au  Економијата на Халштат зависи од туризмот, според локалното население, дневните посетители ги попречуваат туристите кои би сакале да останат подолго. Халштат стана пример за прекувертуризам во Австрија и доведе до полемики околу ограничувањето на бројот на туристи. Селото во 2020 година се фокусираше на „квалитетен“ туризам. Пристигнувањата на туристички автобуси ќе биде ограничено на 54 дневно, а автобусите со резервација преку ноќ во градот ќе добијат предност.

 

 

Подготвила: Лаура Муслиоска ученичка од клас III-6 во гимназијата „28 Ноември“ – Дебар
Корекција: проф. Орхан Дервишоски

 

Извори:

https://www.hallstatt.net/home-en-US/

Noack, Rick, “Nothing to see here: Popular European destinations want fewer tourists,” The Washington Post (8 August 2019) https://www.washingtonpost.com/world/europe/nothing-to-see-here-popular-european-destinations-want-fewer-tourists/2019/08/07/5d2060f4-ac95-11e9-9411-a608f9d0c2d3_story.html

https://ktla.com/news/nationworld/austrian-village-that-inspired-frozen-is-dealing-with-overtourism/