Човечкиот ум не може да си замисли вистинска слика на вселената. Не само што не знаеме точно колкава е туку ни е и тешко да си ја замислиме нејзината големина.

Ако тргнеме од нашата планета, па малку се одалечиме веднаш ќе видеме зошто тоа е така. Земјата е дел од Сончевиот систем, но негов сосема малечок дел. Сончевиот систем се состои од Сонцето, планетите што се вртат околу него, планетоидите – мали планети – и метеорите. Сончевиот систем е само делче од еден друг, многу поголем систем, наречен галаксија. Неа ја сочинуваат милиони ѕвезди, од кои некои се многу поголеми од Сонцето и можеби имаат свои системи слични на Сончевиот.

Така ѕвездите што ги гледаме во нашата галаксија  – Млечниот Пат или Кумова Слама – се вистински сонца. Тие се толку далеку од нас, што околу 100 000 светлосни години. А нашата галаксија преставува само мал дел од еден уште поголм систем.

Покрај нашиот Млечен Пат веројатно постојат уште милиони други галаксии, а најблиската до нас е одалечена околу 2 милиони светлосни години, а можеби сите тие галакси заедно сочинуваат само дел од некој уште поголем систем!

Сфаќате ли сега зошто не можеме да си ја замислиме големината на вселената?

Како старите астрономи ја замислувале вселената?

Со денешното знаење за вселената нам ни е потешко да ја сфатиме, отколку на луѓето во минатото. Ние сега сметаме дека вселената не ја опфаќа само Земјата и  Сончевиот систем,туку и галаксијата на која ѝ припаѓа нашиот Сончев систем, Млечниот Пат, како и сите други галаксии. Постојат околу 200 000 000 000 ѕвезди само во нашата галаксија –  а има уште безброј други галакси што се шират во вселената. Човековата фантазија не е во состојба да ја сфати оваа неизмерливост на просторот! Меѓутоа во старо време луѓето имале мошне едноставна слика за вселената. Тие мислеле дека Сонцето, ѕвездите и планетите се мали предмети што се вртат околу Земјата. Исто така верувале дека вселената е таква, каква што ја гледаат пространа, рамна, неподвижна Земја во центарот со голем свод над неа, посеви со илјадници мали светли ѕвезди.

Старите Грци се основачи на научната астрономија. Повеќето грчки астрономи сметале дека Земјата се наоѓа неподвижна во центарот на вселената. Питагора,којшто живеел во VI век пред новата ера изгледа дека прв тврдел оти Земјата е таркалзена, но сепак мислел дека таа се наоѓа во центарот на вселената и дека се врти.

Аристарх од III век пред наша ера, верувал дека Земјата е тркалезна и дека се врти околу својата оска и околу Сонцето, коешто е неподвижно. Во II век од новата ера астрономот Птоломеј напишал книга под наслов Алмагест. Тој тврдел дека Земјата е центар на вселената и настојувал да докаже како планетите, Сонцето и Месечината се вртат околу неа. Неговата теорија важела 14 векови!

Коперник во 1543 година тврдел дека Сонцето е центар на вселената. Потоа е откриен телескопот и човекот имал подобри средства да утврди што е всушност, вселената. Со сѐ повеќе насобрани факти нашето современо знаење за вселената постепено се развива и се продлабочува.