Бодибилдингот е 24 часовна “работа”, која бара дисциплина, посветеност и голем вложен труд. Не е ефтин спорт, напротив бара многу пари. Многумина од нас се научиле како да ги приспособат средствата со кои располагаат за овој стил на живот. Ќе ви покажеме неколку начини како да ги приспособите вие вашите средства. Најпрво ви е потребен план. Одлучете колку пари ви се потребни за вашите потреби за бодибилдинг. Од кога ќе дознаете колку пари можете да одвоите, може да ги распределите парите каде што ќе ги трошите. Ќе треба да ги поделите во неколку категории – храна, суплементи, чланарина во теретана, облека за вежбање итн.

ХРАНА

Храната е најважниот дел од целата сложувалка, и е нормално највеќе пари да потрошите на тоа. Без правилен режим и исхрана набрзо ќе бидете на патеката која води никаде. Често се случува многумина да трошат многу пари на суплементи. Не постои суплемент кој е поважен од храната. Не е важно дали качувате мускулна маса, или се дефинирате, секогаш јадете чиста и квалитетна храна, само во различен квантитет, во зависност од целта. Треба да барате квалитетни извори на протеини и на сложени јаглехидрати.

ХРАНА КОЈА ТРЕБА ДА ЈА КУПИТЕ
– Замрзнати пилешки гради
– Телешко месо
– Туна
– Јајца
– Млеко
– Овес
– Ориз
– Зеленчук
– Јаткасти плодови
СУПЛЕМЕНТИ

Добар пристап за купување суплементи е да се држите до основата. Дали ви е потребен секој нов суплемент што се појавува во продажба ? НЕ. Многумина го прават токму тоа – ги трошат парите на нови непотребни суплементи. Кога станува збор за купување суплементи, треба да ги одберете оние кои ќе ви бидат корисни зависно од целта, качување мускулна маса, дефиниција итн. Според нас, овие се поважните работи кои треба да ги имате кога сте на ограничен буџет.

СУПЛЕМЕНТИ КОИ ЌЕ ВИ БИДАТ ПОТРЕБНИ
– Whey Protein

Постојат многу различни фирми за протеин во прашок. Протеините се градбени блокови на мускулите. Тие ги градат и опоравуваат оштетените мускулни влакна, овозможувајќи им да растат. Протеините се добар начин за некој што му треба протеинско надополнување во текот на денот.

– Мулти витамини/минерали

Суплементацијата со мултивитамини и минерали не се само потребни за бодибилдери, туку за секого. Тешко е да се конзумираат сите неопходни витамини и минерали само преку храната, треба да јадеме големи количини. За вашето тело да функционира нормално, потребен е широк спектар на нутритиенти, ова е одличен суплемент да се осигурате дека ќе ги имате сите тие нутритиенти внесени. Со обезбедувањето на ваков суплемент, ќе се осигурате дека вашето тело ќе функционира оптимално.

– Креатин

Креатинот е еден од најпопуларните суплементи на маркетот. Креатинот е основниот суплемент за качување на мускулна маса. Креатинот се користи да ги снабди мускулите со енергија. Докажано е дека ја зголемува силата, масата и перформансите. Креатинот исто така го хидратира мускулното ткиво и овозможува подобар проток на хранливите материи.

ТЕРЕТАНА

Бирањето на права теретана кога сте на ограничен буџет е малку тешко, но еве некои совети за да одберете. Разгледајте ги теретаните каква опрема имаат, гледајте да имаат повеќе слободни тежини од колку машини. Локацијата е клучна. Одберете теретана која е блиску на вашето место на живеење или работното место. Не би требало да трошите повеќе пари на гориво од колку што е чланарината во теретана. Водете се по мотото – не е важно какви се теговите, се додека можат да се користат, одлични се. Ако не сте загрижени за сауни и сите тие фенси опреми, тогаш не се зачленувајте во теретани кои ги нудат тие. Колку повеќе такви работи има теретаната, толку е поскапа чланарината.

Извор: GetReady