Стравот е една од основните човекови емоции и претставува нормална и очекувана реакција во случаи на закана на околината. За разлика од стравот, фобијата е состојба на интензитет многу поголем од очекуваниот, траењето и прилагодноста. Фобиите, како појава, се надвор од нашата контрола. Лицето со фобичен страв, најчесто нема разбирлививи причини поради кои се плаши од одредени работи или појави.

172346_orСимптомите кои ги има фобичното лице, кога е соочено со изворот на својата фобија, а честопати и при самата помисла, се: паника, страв од губење контрола, немоќ на контролирање на стравот, забрзување на пулсот, болка во градите, грозница, вртоглавица, желудочна мачнина, обилно потење, па дури и губење на свеста.

Многу од нас имаат арханофобија – страв од пајаци, или офидофобија – страв од змии. Има многу видови фобии, но најчестите фобии што се среќаваат кај луѓето се:

Акрофобија или страв од височини. Акрофобијата е многу честа и повеќето луѓе чувствуваат страв од височини, повеќе или помалку.

Клаустрофобија или страв од затворен простор. Луѓето со ова нарушување избегнуваат да одат во затворени простори, како пештери, тунели, па дури и лифтови.

Аерофобија или страв од летање. Многу луѓе страдаат од ова нарушување и поради тоа тешко се одлучуваат на патување со авион. Аерифобијата предизвикува силно чувство на нервоза и паника. Самото влегување во авион може да биде доволно некои луѓе да добијат напади на паника.

Некрофобија или постојан страв од умирање или, пак, мртви луѓе. Помислата на смртта е непријатна речиси за секој од нас, но луѓето погодени од ова нарушување развиваат вистинска опсесија со смртта.

Никтофобија или страв од темнина. Стравот од темнина може негативно да се одрази на навиките за спиење кај личноста, како и врз социјалните навики.

Страв од забар. Сите ние се чувстуваме непријатно при посета на забар, но некои добиваат вистински напади на паника при помислата на забарското столче и несакаат да одат на забар дури и кога имаат потреба.

Кинофобија е страв од кучиња. Овој страв речиси секогаш се појавува како последица на непријатно искуство со некое куче во минатото.

Мала или голема, ниедна фобија не е безопасна. Тие создаваат непријатност и можат да го нарушат нормалното функционирање на единката.