Тома во средниот век прв јасно искажал на причината дека вистинското убаво може да се одреди само во релација со однос на субјектот. Убавото е исто како и доброто само со релација се разликува од доброто. Убавото не е убаво само по се себе, туку само по она што се однесува на тоа што му служи, доброто е она што задоволува човекова тежина проследена со добра причина, а убавото пред се е поврзано со сознанието со познанието на елементите. Сибјектот тежнее, а убавиот субјект разбира сознава, познава.

Доброто има релација спрема возвишеностите, а убавото спрема сознанието, убавото се поистоветува со човековите осети, убавото се конституира во однос према субјектот.

Убавината според Тома е она што нас ни се допаѓа кога нешто ќе видеме, односно она што погледот го одредува како убаво. Убавината е битен визуелен карактер. Убавината може да биде својство само на видот или слухот. Но не може да се зборува за убави мириси. Човекот не се радува во целосна смисла, тој не се радува заради храната туку заради согласноста на сетилата.