Планетата Земја е вистинско „чудо“, она што поседува, а се создало низ геолошките, климатските, геоморфолошките и други влијание не остава без „здив“, таа преставува вистинско ремек дело на природата, ќе спомнеме неколку податоци кои се екстреми во однос на највисока точка, најниска точка, најладно место, најтопло или најжешко место и др.

Највисоката точка на Земјата

Хималаите се највисок планински масив на Земјата, распостранети се помеѓу Индо-Гангеската низина на југ и висорамнината Тибет на север. Називот е санскритски и значи „земја на изобилие од снег“. Се протега од запад (од врвот Нанга Парбат) кон исток (до Намча Барва) во должина од 2.570 км, со просечна широчина од 250-300 км. Хималаите се состојат од три паралелни била кои стрмно се спуштаат кон Индо- Гангската низина. Најсеверниот појас (Високи Хималаи) ги опфаќа највисоките делови на масивот; десетина врвови (претежно во Непал) преминуваат 8.000 м, а највисок е Монт Еверест (8.848 м.). Средишниот планински појас (Ниски Хималаи), со просечна висина од 4.000 м., е највисок во Непал (до 6.000 м.). Најјужниот појас, со просечна висина од 900 до 1.200 м, прави премин кон Индо- Гангската низина.

Најниска точка на Земјата

Брегот на Мртвото Море се наоѓа 422 м под морското ниво. Сместен на границата помеѓу Јордан и Израел, патот околу Мртвото Море исто така се случи да биде и најнискиот пат на светот. Cигурно е чудно што едно море има такво име, но старите Грчки писатели, кои први го нарекле под тоа име, имале потполно право. Имено, во Мртвото Море нема животински свет. Реката Јордан се влева во него, но рибите што доаѓаат веднаш умираат.

Место со најтопла клима на Земјата

Највисока температура на воздухот е измерена во местото Ел-Азизија во пустинските делови на Либија од вредност од 57,8 степени целзиусови (во 1922 година)! Речиси иста вредност (57,1 степен) е забележана во Долината на Смртта во САД во 1913 година. Највисока просечна температура во текот на годината имаат некои места на пустината Калахари со 43,3 степени.

Освен високите температури на земјата има рекорди и на најсушни места , тие секако се пустините, особено оние кои се добро заградени со планини од повеќе страни. За најсуво место на Земјата се смета пустината Атакама во Чиле –Јужна Америка со просек од само 0,7 мм врнежи годишно, што значи дека обично врне по еднаш на неколку години. Се смета дека во внатрешноста на Атакама има места каде не заврнало повеќе од  500 години! Сепак, апсолутно најсуво место на Земјата се наоѓа на Антартикот. Тоа е Dry Valley (Сувата долина), каде воопшто не врне веќе стотици години.

Најстудено место на Земјата

Најстудено место на Земјата е во подрачјето на истражувачката станица Восток на Антартик, каде во јули 1983 година се измерени -89,2 степени целзиусови! Интересно е што овде, под 2.5 км дебелиот мраз се наоѓа едно  од најголемите езера на Земјата, до кое човекот сеуште не допрел.  Воедно најголем рекорд за најголема количина на паднат снег во Светот е забележан на планината Маун Бакер (Mount Baker) во североисточниот дел на САД близу до островот Ванкувер. Овде, во зимата 1998/99 година, вкупно снег наврнал со дебелина од 28,9 м. Предходен рекордер е соседната планинска област Mount Rainier, каде во зимата 1971/72 година наврнал снег со дебелина од 28,5 м.

Најдлабока точка во Светскиот Океан

Маријанскиот канал е најдлабоката точка во Светскиот Океан. Дното е на околу 10.924 м под морското ниво. Доколку Монт Еверест беше на оваа локација ќе беше покриен со една милја вода. Единствените луѓе кои го испитувале овој канал се Жак Пикард и Дон Волш. На дното на седум милји во длабочина со 8 тони притисок тие ги набљудуваа  суштествата што (замислете!) живеат на толку голема длабочина.