• Ако не знаеш што е поквалитетно, прашај што е поскапо;
  • Најголем ризик е ништо да не ризикуваш;
  • Вклучувањето на новата иднина во старите производи е природна карактеристика на технолошкиот прогрес;
  • Југословенскиот денар толку многу обезвреднел, што поевтино било собата наместо со тапети, да се обнови со ситни пари;
  • Во време на хиперинфлација, познато е дека луѓето во ресторан однапред ја плаќале сметката, бидејќи, откако ќе завршеле морале да платат многу поскапо;
  • Поради флексибилноста на платите и цените нагоре и надолу, пазарите имаат моќ на брзо, практично моментално урамнотежување;
  • Моделот на понудата и побарувчката прикажува како цените се променуваат како резултат на рамнотежа помеѓу достапноста на производот(понуда) и волјата на тие со куповна моќ на различни цени (побарувачка);
  • За фирма се вели дека остврарува економски профит кога просечните вкупни трошоци се помали од цената на секој дополнителен производ на даденото ниво на аутпут (производство).
  • Пазарен неуспех е ситуација во која одреден пазар неефикасно го организира производството или неефикасно ги алоцира добрата и услугите;
  • Големата рецесија или финансиска криза од 2007 г. е финансиска криза предизвикана од намалувањето на ликвидноста на банкарскиот систем во САД. Таа резултираше со колапс на многу финансиски институции, потпомагање на банките од национални влади и падови на берзанските пазари ширум светот;
  • Во периодот меѓу 1997 и 2006, цената на една типична американска куќа се зголемила за 124%, односно националната просечна цена на куќите била од 2,9 до 3,1 пати поголема од просечниот годишен приход на едно домаќинство.