Најчеста причина во настанувањето на коронарната болест е атеросклерозата, при која доаѓа до наталожување на масни наслаги во ѕидот на артериите.

Болестите на кардиоваскуларниот систем се најчестата причина за смртност во нашата земја, особено кај машкиот пол. Коронарната болест на срцето или исхемија на срцевиот мускул настанува заради стеснување на коронарните (срцеви) крвни садови.

И други причини придонесуваат за настанување на коронарна болест – нагло реагирање на артериите со стеснување, вродени аномалии и друго. Коронарната болест на срцето се дели на ангина пекторис и инфаркт на срцето. Се смета дека при ангина пекторис доаѓа до критично стеснување на артериите, а до инфаркт поради одумирање на дел од срцевиот мускул (миокардот) што е последица на потполно или делумно зачепување на коронарните артерии. Болниот се жали на болка која се јавува зад градната коска, која може да биде тапа, понекогаш во вид на печење, често со шири кон левата рака и вратот. Болката најчесто се јавува по напор, психичка возбуда, нагло изложување на студено или комбинација од сите фактори. Болниот е блед, исплашен и препотен. Новите сознанија кажуваат дека иако не сте воделе грижа за тоа што јадете па дури и ако веќе имате некаков здравствен проблем, промената во начинот на исхрана може да ја спречи појавата на нови проблеми односно да го сопре оштетувањето на крвните садови и да им помогне да се вратат во првобитна состојба.

Како предлог погледнете ја оваа видео анимација.