Пустина е секое место на Земјата каде условите за живот се многу оскудни или воопшо ги нема. Пустини претставуваат региони со најмалку врнежи и најмала влажност на годишно ниво. Приближно една третина од површината на Земјата е пустина. Може да се земе дека пустините во просек примаат помалку од 250mm дожд годишно. Исто така тука губитокот на вода е поголем од паднатото количество на врнежи поради што многу често се случува во овие региони на годишно ниво да се добие негативна вредност на влажноста.

Во поглед на климата пустините се делат на:

• Топли пустини (најголема топла пустина и втора пустина по големина во светот е Сахара);

• И ладни пустини (најголемата ладна пустина и воопшто најголема пустина во светот е Антарктикот). Ладните пустини исто така се среќаваат под името Поларни пустини.

Општи карактеристики на Антарктикот. Антарктикот (анг: Antarctica) е најјужниот континент на Земјата кој се протега по целиот Јужен Пол.Се наоѓа на јужната Земјина хемисфера, и се протега речиси целосно јужно од Антарктичкиот поларен круг кој е еден од најважните паралели кои ја одбележуваат мапата на Земјата. Антарктикот е опкружен со Јужниот Океан уште познат како Голем Јужен Океан или Антарктички Океан.Со 14,4 милиони километри квадратни Антарктикот е петти по големина континент во светот. Неговата површина споредена со онаа на Европа изнесува 1,3 пати поголема. Затоа што има најмало движење и најмала влажност, со исклучок на крајните брегови Антарктикот односно неговата внатрешност претставува најголемата пустина на светот. Антарктикот е поделен на два дела со Transantarctic Mountains (Трансантарктичките Планини) кој се наоѓаат близу до вратот помеѓу Ross Sea и Weddell Sea. Западниот дел од Weddell Sea и источниот дел на Ross Sea е наречен Западен Антарктик, а останатиот дел се нарекува Источен антарктик, тоа е така затоа што тие одговараат(се наоѓаат) во Источната и Западна хемисфера според Гриничкиот Меридијан

Околу 98% од континентот е покриен со мраз при што во просек мразот достигнува околу 1,6 километри дебелина. Континентот содржи околу 90% од вкупниот мраз на Земјата( а од тие 90% речиси 70% проценти претставуваат 4 свежа вода). Доколку целиот овој мраз би се стопил нивото на Светското Море би се кренало за околу 61,1 метар (процес на трансгресија). Во најголемиот дел од внатрешноста од континентот влажноста е многу мала, помалку од 20 милиметри дожд годишно. Постојат места кои се наречени “сув мраз” затоа што тука влажноста на годишно ниво е толку мала што нејзината вредност е негативна. Во местата наречени “суви долини ” сличен ваков ефект се појавува врз карпите поради што се добива т.н. “сув пејсаж”. Постојат три суви долини на Антарктикот: Тејлоровата, Рајтовата и Викториината. На овие места паѓа многу малку снег кое би одговарало на едвај 25mm дожд Климата на Антарктикот е најладна на Земјата, најниската температура воопшто измерена на Земјата изнесува -89.2°C во Станицата Восток додека пак највисоката температура воопшто измерена на Антарктикот изнесува 14.6°C. Исто така е многу суво со годишна просечна влажност од 50,8мм годишно, меѓутоа во поголемиот дел на континентот снегот никогаш не се топи и поради тоа се собира и формира глацијален мраз кој подоцна се поврзува во ледена прекривка или глечер. Статистички Антарктикот е најладниот, најсувиот и најветровитиот контенент и има највисоко просечно возвишение помеѓу сите континенти. Поради тоа Антарктикот не е постојано населен со луѓе. Само мал број на животни и растенија кои се навикнати на живот на ниски температури успеваат да преживеат тука.