За нас Сонцето е нешто постојано и сигурно. Било да го гледаме или не, знаеме дека тоа секогаш е тука и дека секогаш исто свети,  ѝ тоа е сосема доволно за практичниот живот. Сонцето е ѕвезда и има своја светлина со која свети. Од каде ја добива својата енергија?

Јадрото на Сонцето е најважен дел од него. Тоа е како мотор. Тој дава светлина и тој ги дава тие честички внатре во Сонцето. Секогаш кога Сонцето свети, испушта енергија околу милиони атомски бомби.

Денес се смета дека со комбинација на водородни атоми во мошне усвитената внатрешност на Сонцето се создава хелиум. Кога се случува тоа, се ослободува енергија што постојано излегува на неговата површина. Затоа Сонцето уште многу милијарди години ќе зрачи енергија. Но ако малку подетално го проучуваме Сонцето, нема да добиеме сосема иста слика за неговата постојаност. Пред сѐ, Сонцето не е цврсто тело како Земјата. Сончевата сфера се врти околу еден свој пречник, но не како цврсто тело, точките по должината на Сончевиот екватор вршат еден обрт околу оската за 25 дена, одејќи кон половите, времето за кое се извршува еден обрт се продолжуа и изнесува 34 дена за точките на неговите полови.

Надворешниот Сончев омотач што се вика корона, која се состои од лесна гасовита материја.  Површинскиот дел на короната е бел и создава зраци што се протегаат на милиони километри од Сончевата површина. Тие можат да предизвикаат мали, но сигурни разлики во светењето. Вториот Сончев слој наречен хромосфера, го сочинуваат главно гасови на водород и хелиум.од хромосферата излегуваат огромни облаци, протуберанци, коишто можат да достигнат всочина од околу 2 милиони километри.

Сонцето постепено ќе станува се посветло (околу 10% на секоја милијарда година), а и постепено ќе се зголемува температурата. Сонцето порано било побледо и тоа е причината поради која животот на Земјата постои со околу милијарда години на копното. Зголемувањето на сончевите температури е такво што за околу милијарда години површината на Земјата ќе биде толку жешка што течна вода нема да постои што ќе доведе до крај на Земјата.