Областа  Антартик се наоѓа околу Јужниот Пол. Таа го опфаќа континентот Антартик, кој е петти по големина. Голем е колку Соединетите Американски Држави и Европа заедно. Таа област е најстудениот и најмрачниот дел на Земјата. Ја опколуваат најнемирните мориња на светот. Таму дуваат силни ветришта, луњите се чести, има малку врнежи и зимата е толку лута што целата таа област е речиси сосема пуста. Нема никогаш доволно сонце да ја загрее земјата, која преку целата година е покриен со снег. Најстудената температура што кога и да било е забележана во светот, забележана е на Антарктикот. Поради огромниот студ, таму ништо не се расипува, нема гниежи, мувла или бактерии.

Што се наоѓа под ледениот покривач на Антарктикот?

Не се знае точно, зашто тој терен се уште доволно не е испитан. Истражувачите забележале пластови јаглен и некои жици на минерали. Можеби постојат други минерали, но тешко е и прескапо да се дојде до нив, па тие остануваат нечепнати. Таму се наоѓаат наједноставните форми на растителен свет – мов, лишаи, габи и алги што не можат да послужат како храна.

Во оваа област живеат само птици и животни што можат да најдат храна во морето. Тука најчесто живеат скун, некој вид галеб, снежен зовој и повеќе видови пингвини. Пингвините живеат и прават гнезда на работ на континентот. Тие имат недоволно развиени крилја и не можат да летаат, но во вода се добри пливачи. Во водите на Антартикот има повеќе видови фоки. Единствената индустрија на Антарктикот е ловот на китови. Меѓутоа толку многу ги имаат уловено што сега е воведена меѓународна контрола за ловот на китови