Monarch_Butterfly_Showy_Male_3000pxНа сите им е познато дека постојат преселни птици. Меѓутоа, малку се оние кои знаат дека се селат и многу видови пеперуги, па и некои видови молци.
Најдобар пример за тоа е чичоковата пеперуга – ванеса. Секоја пролет таа изминува долг пат од Мексико до Калифорнија. Припадниците на истиот вид пеперуги што живеат во Европа, секоја пролет го прелетуваат Средоземно Море, патувајќи од северна Африка во Европа. Кога ќе им дојде времето за селење, стотици илјади и милиони пеперуги во роеви патуваат преку морето и просто го покриваат небото.
Најпознат претставник на пеперугите преселнички е секако еден вид што се вика монарх (или монарс).
Секоја пролет младите женки ги положуваат јајцата обично на млечните стебла од растенијата, младоците. Гасениците што се изведуваат, се хранат со лисјата на тие растенија. Штом ќе се развијат и ќе станат возрасни пеперуги, тие одлетуваат кон северните краишта. Таму се оплодуваат и јајцата ги положуваат на млечните билки, коишто само што почнуваат да се развиваат во деновите на вистинската пролет.
Кога е во прашање селидбата на овие пеперуги, постои една ретка занимливост. За само неколку месеци се раѓаат повеќе генерации пеперуги монарси; тие постојано летаат кон север во потрага по млечни растенија, така што доцна во летото стигнуваат до најсеверните краишта на европскиот и американскиот континент. Пеперугите што стигнале до најсеверните предели на овие два континента, не се оние истите што започнале го започнале преселувањето далеку на југ, туку нивните потомци!
Со приближувањето на есента и на студените денови, сите преживеани пеперуги монарси се враќаат во топлите краишта во огромни роеви. Тие роеви го прекриваат поголемиот дел од небото; според некои податоци зафаќаат широчина и над 30километри. Таквите облаци од пеперуги се селат секоја година и ги прелетуваат сосема истите патишта.