Јаглероден моноксид претставува гас без мирис и боја, кој настанува при согорување на горива базирани на јаглерод. Поради сеприсутноста на овие супстанции, вдишувањето на јаглерод моноксид обично го придружува вдишувањето на дим при пожари  или може да е случајно поврзано со неправилно функционирачка машинерија или несоодветна вентилација на издувни гасови од грејачи, печки, мотори со внатрешно согорување и други слични уреди.
Исто така, јаглерод моноксид е често користен метод за самоубиство. Вдишување на јаглерод моноксид е водечка глобална причина за смрт од труење.

Што го прави смртоносен овој гас?

Јаглеродниот моноксид брзо дифундира низ алвеоло- капиларната мембрана и се врува за хемоглобинот со екстремно висок афинитет. Кога молекулот на карбоксихемоглобин претрпува алостерични промени на местото на врзување на кислород, способноста на врзаниот кислород да дисоцира и да биде достапен за сите околни ткива е значително намалена. Оваа ткивна хипоксија (намален доток на кислород) може да предизвика тешко функционално нарушување и исхемична повреда на ткивата кои се осетливи на недостаток на кислород, особено мозокот и срцето.

Како овој гас влијае на нас?

Лесно труење со јаглерод моноксид може да помине непрепознаена, бидејќи симптомите се неспецифични, и може да се појави главоболка, мачнина, замор и вртоглавица. При потешки труења, невропсихијатриските симптоми може да се движат од лесно нарушување на вниманието па сѐ до вознемиреност, збунетост, халуцинации или, во најтешки случаи, епилептоформни напади или кома. Од други аспекти на тешко труење исто така може да се појави и срцева дисфункција со аритмии или исхемија, белодробен оток и др.

Стапката на смртност е променлива во зависност од тежината на труењето, но може да биде и до 30% при потешки случаи. Околу две третини од пациентите кои прежувуваат акутно труење  ќе закрепнат без никакви последици. Многу од останатите ќе имаат долготрајни невропсихијатриски последици, како когнитивна дисфункција, нарушувања на помнењето и други моторни и сензитивни абнормалности, кои често се јавуваат во првиот месец, но може да се појават и одолжено од 6 до 9 месеци.