Постојат околу 400 различни видови на растенја специјално адаптирани за фаќање инсекти и други мали животни со генијални стапици и за сварување на животински протеини богати со нитроген за да добијат хранливи материи. Се смета дека овие приспособувања им овозможуваат на таквите растенија да преживеат во непријателски услови. Значајниот механизам на стапица (модификација на лист) го привлекува вниманието на пленот.

2006-10-13_VFT_vs_Black_Widow_047_cropПовеќе од половина видови припаѓаат на семејството Лентибулариацеае, повеќете од нив утрикуларии. Остатокот припаѓа на неколку семејства составени од бокал растенија, росика и стапици за муви. Повеќето се наоѓаат во влажни ледини, блатно земјиште, мочуришта, и блатни или песочни брегови каде што има многу вода и нитрогените материи се малку или недостапни поради киселини или други лоши услови на почва. Најмалата врста Drosera се сокриени помеѓу мовта на мочуришта; најмесојадни растенија се мали тревни повеќегодишни растенија. Некои стануваат големи грмушки на растенија ползачи.

Постојат месојадни раснеија чии листови имаат облик на дуле, труба или урна. Нивните невообичаени цевчести листови имаат редица жлезди кои произведуваат нектар кој се шири од устието надолу  во внатрешноста и ги привлекува инсектите. Веднаш кога жртвата ќе падне во течното вирче на растението и се потопи, потоа еден излачен ензим ја вари, ослободувајќи нитрати и други хранливи материи, кои ги надополнуваат сиромашните хранливи состојки на калта. Повеќето месојадни растенија формираат месојадни листови, за фаќање на инсекти во пролет и цевчести листови на есен. Нивните цветови се блескави и имаат пријатен мирис.