На 27 август 1883 година островот Кракатну во далечната Индонезија скоро го разнела стравотна вулканска експлозија. По експлозијата се кренале огромни бранови, високи над 30 метри. Тие избришале стотици села и летнале по океанот со брзина од 1 000 километри на час. Се почувствувале дури на бреговите на Австралија и Калифорнија, илјадници километри далеку!

Во  1946 година дошло до земјотрес на дното на океанот во близина на Алеутските Острови. Еден џиновски бран за помалку од пет часа минал повеќе од 3 500 километри и удрил во Хаваите. Со неговата разорна моќ кревал куќи и мостови и ги фрлал на десетици метри далеку. Тогаш се удавиле над 170 луѓе.

Овие два големи брана спаѓаат во брановите што ги предизвикувал подморски земјотрес. Тие  ни најмалку не личат на обични морски бранови и на оние што ги гледаме покрај брегот и немаат никаква врска ни со ветрот, нити со приливот. На овие бранови научниците им дале посебно име, ги викаат со јапонско име цунами. Земјотресниот бран или цунами се јавува поради некое нарушување на морското дно, обично поради земјотрес на подморското тло. Ударниот бран предизвикуван од земјотрес на дното од океанот патува низ водата како што силен звук патува низ воздухот. Всушност овој удар низ водата патува со брзина на звук.

Ако во таа област се најде некој брод, него тој удар ќе го растресе така, како да удрил во карпа!

Кога ќе дојде до земјотрес на дното од океанот, дното се помрднува и се лизга. Ова движење и ударот од тоа нарушување создаваат цунами. Понекогаш во водата се создава голема празнина,  понекогаш голем воден рид. Веднаш потоа настанува цунами, којшто почнува да се движи со голема брзина. Првиот знак дека цунами се приближува кон брегот е за чудење еден обичен бран. По неколку минути нивото на водата опаѓа како да е многу голем одлив. Тогаш морето може да повлече од голем дел на брегот. Потоа удира огромниот бран цунами.