Семето на цветното растение, „Nigela Sativa“, е познато по неговото лековито својство од дамнешно време, што е познато и како црно семе кое во најмала рака има опис на неговиот физички изглед.

Иако и неколку други видови на растенија имаат црно семе, делотворноста на нивното семе според досегашните сознанија не е ниту приближно ефективна како она од семето на чурукот или црниот кумин. Станува збор за една од најрано култивираните билки во историјата на човештвото.
Чурукот, или црното семе е растение кое што се стекнало со огромна светска слава благодарение на исламската традиција, односно зборовите на Пророкот Мухамед, според кој рекол: “Во црното семе има лек за секоја болест, освен за смртта”.

Голем дел од здраствените придобивки денеска му се припишуваат на црното семе, меѓу кои ќе ги напоменеме 10 -те најбитни :
1. Шеќерна болест тип 2: – Конзумирање само 2 грама црно семе на ден ги покажало следниве резултати: намален шеќер, намалена отпорност на инсулин, намален глукозен хемоглобин (HbA1c).
2. Инфекција со бактеријата Helicobacter pylori : – Оваа спирална бактерија се наоѓа во слузницата на желудникот кој предизвикува повеќе од 90% улкуси (чиреви) на дванаесетпалачното црево и до 80% улкуси на желудникот. Црното семе поседува корисни анти – H. Pylori дејства кои успешно помагаат во борба против инфекцијата.
3. Епилепсија : – Црното семе традиционално е познато по своето антиконвулизно својство. Во студијата од 2007 г., со деца кои боледувале од епилепсија, чија состојба била отпорна на конвенционални лекови, утврдено било дека екстрактот од црното семе значајно ги намалиле нивните напади.
4. Висок крвен притисок: Со секојдневна конзумација 100 и 200 мг екстракт од црно семе, два пати дневно во тек од два месеца, е утврдено значително намалување на кр. притисок кај болни со лесна хипертензија.
5. Астма: Тимокинон, е еден од главните активни состојки од ова семе која има благородна добробит за човечкиот организам. Екстрактот од црното семе има релативно моќно антиастматично влијание на дишните патишта.
6. Акутен тонзилофарингитис: Тоа е честа појава во детска возраст. Се работи за акутно воспаление на слузницата на гркланот и околното лимфно ткиво, воглавно од вирусна природа. Утврдено е исто така дека капсулите од црното семе можат значајно да ја ублажат болката во грлото и да ја намалат потребата за аналгетици.
7. Рак на дебело црево: Друга многу значајна и се почеста болест во денешно време со која се соочуваат многу луѓе, и истите се изложени на зрачења со х-зраци за превенција. Но, екстрактот од црното семе помага во спречување на самиот раст на ракот во дебелото црево.
8. Помага во намалување на тежината: Црното семе има значајно дејство во согорување на мастите поради неговото антиинфламаторно дејство, со општо намалување на апетитот.
9. Добробитно за вашата кожа: Ја чува вашата кожа здрава и ја заштитува од инфекции и други кожни заболувања.
10. Превентивно против опаѓање на косата: Маслото од црно семе помага во зацврстување на влакното и самиот корен со кое значително се намалува опаѓањето на косата.