Рубиковата коцка, од 1974 година направена од унгарскиот скулптор и професор по архитектура Ernö Rubik. До 1982 година 10 милиони Рубикови коцки се продадени во Романија , што е повеќе од бројот на жители што има. Се верува дека во светот се продадени 350 милиони популарно наречени „унгарски коцки“.
Коцката ја сочинуваат 3х3х3 реда помали коцки чии што страни се обоени со различни бои. 26 надворешни мали коцки се така споени да тие 6 страни можат да се движат. Целта на играта е да секоја страна на коцката биде во иста боја.
Вкупно има 43.252.003.274.489.856.000 различни начини на разместување на малите коцки. Кога би имале по една коцка за сите овие положби(начини) , би можеле да ја препокриете целата Земјина површина , вклучувајќи ги и океаните и тоа 250 пати.