Филип_II_МакедонскиФилип II Македонски (359–336 г. пр. н.е.)  е македонски крал од династиjата Аргеади, син на кралот Аминта III кој на своја  23-годишна возраст станал крал на македонската држава. Со неговото владеење се  стекнал со слава на генијален стратег, храбар војсководец и одличен дипломат. Како македонски басилевс спроведувал воени реформи, создавал професионална војска, пешадија (македонска фаланга) и од придружниците и другарите на кралот благородничка коњица (хетајри). Неговиот примарен метод на создавање алијансни и зајакнување на лојалноста бил создавање на бракот.  Најпрво тој се оженил со илирската принцеза Авдата, со што ја започнал коалицијата со Илирите. Потоа тој се оженил со Фила, принцезата на македонскиот кантон Елимеа, со што тој го зајакнал внатрешното македонско единство. Во 357 п.н.е тој се оженил со принцезата Олимпија од соседната земја Епир. Една година подоцна Олимпија го родила синот кој го нарекол Александар.

Кралот Филип II Македонски имал седум бракови и седум деца од тие бракови и тоа:

  1. Од бракот со Авдата–Евридика, ќерка или внука на дарданскиот кнез Бардил, склучен во 359 година, се родила ќерката Кинане.
  2. Од бракот со Фила, ќерка на Елимејскиот кнез Дерда, сестра на Дерда и Махата, склучен околу 358 година, не се забележани деца.
  3. Од бракот со Никесиполида од Фере (Тесалија), склучен во 353 година или 352 година, се родила ќерката Тесалоника.
  4. Со Филина, од родот на Алевадите, од Лариса, Филип II се оженил во 358 година и добил син Филип III Аридеј.
  5. Од бракот со Олимпија, молосијска принцеза од Епир, ќерка на Неоптолем, склучен во 357 година, му се родил синот Александар III Македонски.
  6. Од бракот со Меда, ќерка на гетскиот кнез Котел, склучен во 342 година, не се забележани деца.
  7. Од бракот со младата Македонка Клеопатра–Евридика, претпоставена ќерка на Аминта, внука на Атал, сестра на Хипострат, склучен во 338/7 г, се родила ќерката Европа, додека изворите не се сигурни во врска со ќерката – Асианика (Асианика – кое има значење, победена Азија), исто како и за синот Каран.

Филип II од седумте жени добил само два сина. Со Олимпија Александар III Македонски и со Филина Филип III Аридеј. Престолот го презел Александар III Македонски.