Растителното царство содржи над 350 000 видови растенија. Во оваа разновидна група се среќаваат милиони ситни, но и џиновски растенија, убави, миризливи, лековити, вкусни, но и отровни, со непријатен мирис и со уште многу други особини.

Бессемени растенија

Во оваа група спаѓаат мововите и папратите. Се размножуваат со помош на спори. Спаѓаат во најстарите и наједноставно изградените растенија.

МОВОВИ

e403ddf3-2dc4-4ed4-abf7-1bc210366ad5Мововите се мали зелени растенија кои ги населуваат влажните рабови на шумите, како и нивната внатрешност. Живеат на каменливи почви, но и на изгниени стебла и на други слични влажни живеалишта. Се размножуваат само во присуство на вода, со помош на спори кои се сместени во посебна торбичка, на врвот од стебленцето. Спорите се мали топчести телца кои лесно се разнесуваат низ живеалиштето. Мововите имаат многу важна улога во природата. Тие припаѓаат во групата пионерски растенија кои први ги населуваат голите карпи, излачувајќи киселини, ги ситнат карпите и така создават почва на која можат да се населуваат и други растенија.

ПАПРАТИ

Fern02Папратите се исто така, бессемени растенија, но кај нив се развиени сите растителни ткива и вистински органи: листови, подземно стебло и корен. Се размножуваат со спори  кои се насобрани во торбички на опачината на листовите. Обично живеат на рабовите на шумите.

Во далечната историја на живиот свет, во времето на диносаурисите, папратите биле со џиновска големина. Со време патратите гниеле во мочурливо земјиште, покриен со слој од песок и мил. Подоцна тие јагленисале, така што, денес, нивните остатоци се откопуваат во рудниците за јаглен и се користат како гориво.