Икањето е грчевито совивање на дијафрагмата, кое предизвикува силно и нагло вдишување со карактеристичен звук. Тоа навистина е непријатно, но во нормални случаеви е потполно безопасно и брзо минува само од себе.

При постојаното и непрекинато икање е потребен лекарски преглед.

Средства за надминување на икањето

Maсло од оригано или мајоран

Една дланка надробено оригано, планински чај или мајоран (сите три се од фамилијата на ориганото) се залева со 1/2 л маслиново или сончогледово масло, се остава да стои 8 часа, се истискува и сокот се процедува.Надворешно, вратот се трие со тоа масло, а како дополнување се пие 2-3 лажички, 3 пати на ден.

-Коцка шеќер со оцет

Коцка шеќер натопоена во малку оцет се џвака и голта.