Инфлацијата е економски поим кој означува постојан пораст на општото ниво на цените во одреден временски период. Инфлацијата претставува карактеристика на современиот свет  од периодот по Првата светска војна.  Голем број на држави после овој период биле зафатени од инфлација, а во продолжение ги претставуваме петте држави кои ги имаат преживеано најголемите ифлации во историјата на светската економија.

5. Грција (1941-1945)

Тренд на пораст: 18%

Дуплирање на цената на секои 4 дена и 6 часа

Буџетот на Грција во 1939 год. со суфицит од 271 милиони драхми  паднал во дефицит од 790 милиони драхми во 1940 год. Состојбата се влошила кога силите на Оската ја нападнале ова земја во крајот на 1940 год.

4. Вајмарска Германија (1922-1923)

Тренд на пораст: 21%

Дуплирање на цената на секои 3 дена и 17 часа

Хиперинфлацијата на Вајмарска Германија ја погодила после поразот во Првата светскта војна. Германија после војната морала да им плати огрмна оштета на земјите победници. Тие долгови Германија не била моќна да ги плати во својата валута, па била приморана да ја продаде марката во замена на валутите на земјите победници. Кога оштетите требало да се платат во летото 1921 год. дошло до хиперинфлација, а марката девалвирала.

3. Југославија и Република Српска (1992-1994)

Тренд на пораст: 65%

Дуплирање на цената на секои 34 часа

Распадот на Советскиот Сојуз довел до нагло опаѓање на меѓународниот карактер на Југославија, што довел до распад на државата и формирање на нови држави според етничките граници. Најпрво опаднала трговијата меѓу дотогашните земји, а потоа следел и пад на прозводството. Исто така, на Југославија и биле наметнати и меѓународни санкции, кои додатно ја уништиле земјата. Во обид да ја стабилизира состојбата, Народната банка изгубила контрола во печатењето на пари и довела до хиперинфлација.

2. Зимбабве (2007-2008)

Тренд на пораст: 98%

Дуплирање на цената на секои 25 часа

Пад на економијата во Зимбабве се случил после реформите за земјоделска сопственост на Роберт Мугабе во 2000 и 2001 год., кога им го одзел имотот на белците и им го дал на мнозинското црно население. Тоа довело до пад на производството од 50% во наредните девет години. Дошло и до дефицит во буџетот поради вмешаноста во војната во Конго и лошите социјалистички реформи. Владата не направила монотизација на фискалниот дефицит, што довело до катастрофална инфлација.

1. Унгарија (1945-1946)

Тренд на пораст: 207%

Дуплирање на цената на секои 15 часа

Унгарија после Втората светска војна била економски уништена земја. Околу 40 проценти од капиталот бил уништен во текот на војната. Кога бил потпишан договор со сојузниците во 1945 год., и било наредено од страна на сојузниците да плати огромна оштета, која во време на хиперинфлација изнесувала од 25 до 50 проценти од државниот буџет. Монетарната политика на земјата во тоа време ја контролирала посебна сојузничка комисија, која и наредила на Унгарија да печати пари, како би ја отплатила оштетата. Тогаш настанала и најголемата инфлација во историјата на светската економија.