За да го извлечете максимумот од секој тренинг, потребно е добро да го испланирате. Како што наведува клиниката Мајо, вежбањето помага и спречува некои хронични заболувања како што се високиот притисок, го победува стресот, го подобрува квалитетот на сонот итн. Подготвувањето на телото за вежбање е одличен начин за да извлечете максимум од вашиот тренинг, а истовремено ќе ги спречите и повредите.

1. Пијте течности

Доколку тренирате, на вашето тело му е неопходна поголема количина на течности. Околу 6 чаши вода дневно ја покрива дневната потреба, но ако се бавите со некои активности потребно е повеќе од тоа. Треба да водите сметка да внесувате течности пред, за време и после тренингот. Тоа значи дека вашето тело секогаш мора да има доволно течности на располагање за во било која состојба да дава доволно енергија неопходна за напор и адекватно да може да се опорави од потењето.

2. Хранете се правилно

Вежбајте после квалитетен оброк, особено наутро. Ако вежбате на празен стомак, ризикувате да го заслабнете телото. За вежбање е потребна сила, а телото кое гладувало и ги искористило сите калории од претходната вечера, нема да може да даде доволно сила и ќе биде слабо. Ако не можете да имате полн доручек, земете овошје или чоколадо за да го подигнете шеќерот. Северозападниот американски универзитет за наука за здравјето тврди дека јаглехидратите се главниот извор на енергија која телото ја користи за време на вежбањето. Гликогенот е јаглехидрат кој е складиран во мускулите и црниот дроб. Тој му помага на метаболизмот да произведе енергија неопходна за вежбање. Затоа е потребно е да му дадете јаглехидрати на телото пред вежбањето бидејќи измаченото тело не може да го даде својот максимум.

3. Загревање

Можеби имате само 30 минути на располагање за цел тренинг и сметате дека загревањето не е неопходно. Размислете уште еднаш. Ризикувате да се повредите секој пат кога не се загревате пред тренингот, а повредите го отежнуваат режимот на вежбање. Судејќи по изјавите на Американското здружение на ортопедите, загревањето го припрема телото така што ги загрева мускулите и полека го подигнува бројот на отчукувања на срцето.

4. Сон

За време на сонот се извршува фазата рекупераија, односно вашиот организам закрепнува. Недостаток од сонот резултира со намалена концентрација и нагли промени на расположението. Регуларниот сон помага најдобро да го изнесете режимот на вежбањето. Заморот е една од главните причини за прескокнување на тренингот. Затоа, наспијте се добро пред тренинг и ќе имате повеќе енергија, концентрација и ефект.