Вежба број 1 (Tricep Pressdown

Најпрво се прават 1-2 серии за загревање од оваа вежба со користење на помала тежина и притоа ќе се изведуваат над 16 повторувања во секоја серија за загревање. Потоа се прават 3 серии од оваа вежба со 10-12 повторувања и користење на поголема тежина во однос на тежината користена во сериите за загревање.

Вежба број 2 (Close-grip Bench Press

Прво потребно е да се направат 1-2 серии за загревање со користење на полесна тежина и изведување на поголем број на повторувања. Целта на овие серии за загревање е да се утврди кој зафат ќе овозможи максимална мускулна активност на мускулите на трицепсот, како и правилно и удобно поставување на рамениците на клупата со цел да се избегне некоја несакана повреда во оваа мускулна група. Потоа се прават 5 серии од оваа вежба со 8 повторувања во серија и користење на максимална тежина која може да се подигне при изведување на оваа вежба и која ќе овозможи правилно изведување на сите повторувања во една серија.

Вежба број 3 (One-arm Rope Extension

Се прават 3 серии од оваа вежба со минимални 12 повторувања во серија за секоја рака посебно. За оваа вежба одберете средно тешка тежина

Вежба број 4 (Lying Triceps Extension)

Се прават 4 серии од оваа вежба со над 10 повторувања во серија. Доколку сте во можност користете поголема тежина.

Извор: МариоФит