За да може да функционира нашиот организам мора да обезбеди неопходна енергија. Организмот, таа енергија ја добива преку внесување на храна која ја разградува до глукоза, која понатаму главно ја користи за енергија. Овие процеси се случуваат во цревата и во црниот дроб, а се потпомогнати со одредени ензими.

Шеќерна болест (латински-diabetes mellitus) е хронично системско пореметување на метаболизмот, кое се карактеризира со хипергликемија, т.е. трајно зголемување на нивото на глукоза во крвта. Причини за појавата на оваа болест е недостиг на инсулин кој се лачи од ендокриниот дел на панкреасот. Тој недостаток ја попречува размената на јаглехидрати, масти и белковини во организмот, а по подолго време влијае и на структурата и функцијата на крвните садови, нервите и другите витални органи и органски системи.

Постојат неколку вида на дијабет и тоа:

1.Тип 1 дијабетес или инсулин-зависен дијабетес

2.Тип 2 дијабетес или инсулин-независен

3.Гестациски дијабет

4.Секундарен дијабет и

5.Дијабет предизвикан од лекови.

1.1. Дијабетес мелитус тип

Овој тип на дијабет се јавува главно поради деструкција на повеќето или на сите клетки на панкреасот кои лачат инсулин. За да може пациентот да се одржи во живот, мора редовно и доживотно да прима инсулин во вид на поткожни инјекции. Главни симптоми од дијабет тип 1 се: зголемено уринирање, губење тежина, недостаток на енергија и преголема жед.

Diyabet

 

 

 

 

1.2. Дијабетес мелитус тип 2

Овој тип на шеќерна болест се јавува кога панкреасот сеуште излачува инсулин, но во недоволна количина излачениот инсулин не ги дава очекуваните ефекти. Во поголем број случаи нивото на глукоза во крвта може да се намали само со диета или таблети иако понекогаш е потребно да внесе и инсулин. Колку повеќе масни клетки имаме, толку повеќе инсулин ни е потребен.
Tablete-na-stolu-940x560

 

 

 

 

1.3. Гестациски дијабет

Овој тип на дијабет се јавува за време на бременост, а исчезнува после раѓање. Главна причина за појавата на овој дијабет е тоа што, во бременоста хормоните кои ги произведува телото за раст на бебето го спречуваат дејствувањето на мајчиниот инсулин или не се лачи доволно како одговор на зголемените потреби на инсулин.

Diabetes-gestacional-1

1.4. Секундарен дијабет

Секундарен дијабетес мелитус се јавува кај одредените болести кај кои се лачат вишок инсулирани хормони. Тоа се: Акромегалија, Кушингов синдром и  Хипертиреоза.

 

1.5. Дијабет предизвикан од лекови

Дијабетес мелитус предизвикан од лекови се јавува при конзумирање на одредени лекови кои токсично влијаат на бета клетките на панкреасот.

Лекување

Методи кои се применуваат во современото лекување на дијабетесот се:

1.Исхрана

2.Физичка активност

 3.Употреба на орални антидијабетици

 4.Употреба на инсулин.