Воспалително заболување на дигестивниот тракт – Кронова болест

Кроновата болест претсравува хронична воспалителна прогресивна болест на системот за варење. Може да зафати било кој дел од цревата, но во 90% од случаите го зафаќа тенкото црево, а најчесто започнува во терминалниот илеум. Најчесто се појавува во време од 16 до 21 година. Причината не е позната, но се претпоставува дека е резултат на наследните особини. Иако постојат повеќе теории ниту една не е докажана. Засега тешко се лекува.

Симптоми: рани во устата, болки во стомакот, губење на тежина, умор, температура. Болеста се менува со фази на ремисија, кога нема симптоми.

Лекување

Лекувањето се прилагодува на секој пациент зависно од погодениот дел на системот за варење, типот на симптомите и активност на болеста како и одговор на предходниот третман. Со третманот се контролира воспалението, се исправува нутритивната дефиниција и се намалуваат симптомите-болки, дијареа, крварење. Во третманот се користат (кортикостероиди, имуносупресори, амтибиотици), нутритивни суплементни хируршки зафати или нивна комбинација. Кај деца со нутриционистичката терапија може да се овозможи уреден раст и развој. Терапијата може да вклучува суплементни, висококалорична диета и некогаш инфузии. Висината, тежината и минералната густина на коските треба редовно да се контролира кај деца кои се лекуваат со кортикостероиди.