Ако сакате да се одморете и релаксирате ваш избор нека биде националниот парк Маврово, овој парк во било која временска сезона ви нуди релаксирачка тишина и спокој, ова е зачувана природа која изобилува со прекрасни пејсажи, секако тука е вештачкото Мавровско Езеро. покрај него можат да се сретнат многу ендемични видови како од флора така и од фауна, Посебно значење за националниот парк Маврово има врвот Голем Кораб (2764 мнв.) кој е воедно и највисок врв во Р.Македонија а со тоа и највисока точка на паркот. А, секако овој национален парк преставува вистинска зимска идила со своите ски центри преставува вистинско место за зимски туризам.

 

Националниот Парк Маврово (НПМ) е лоциран во северо‐западниот дел на Република Македонија, на тромеѓето помеѓу Република Албанија, Република Косово и Република Македонија, на северна географска широчина од 410 33’01’’ до 410 52’39’’ и источна географска должина од 20031’02’’ до 200
48’59’’, помеѓу градовите Гостивар, Дебар и Кичево, Надморската височина се движи од минимум 600 m до максимум 2,764 m.како нацинален парк е прогласен во 1949‐1952.
Националниот Парк Маврово е формиран “поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели околу Мавровското Поле”.
  • Природни Богаства
 Во границите на паркот се среќаваат голем број на интересни морфолошки форми: речни долини, клисури, водопади. карстни полиња. ували. вртачи. пештери. циркови. глацијални езера, разни видови на денудациони обици и сл. од вегетацијата на паркот најголема застапеност има заедницата од горска букова шума/ во границите на националниот парк Маврово се наоѓаат преку 52 планински врвови со надморска висина на 2000 м., од кои попознати се врвот Меденица на планината Бистра, Веливрв, Сандакташ и др. Посебно значење за национаниот парк Маврово има врвот Голем Кораб (2764 мнв.) кој е воедно и највисок врв во Р.Македонија а со тоа и највисока точка на паркот/ најниска точка на националниот парк Маврово е на 600 мнв. и се наоѓа на самото место каде што Мала Река се влева во реката Радика.
  • Флора и Фауна 
 Како резултат на големата издиференцираност на релјефот, националниот парк Маврово се одликува со извонредно флористичко богатство, коешто се состои од над 1000 видови виши растенија, од кои, 38 се дрвни видови, 35 грмушки а околу шеесетина се ендемични, реликтни или ретки видови. НП Маврово претставува класично наоѓалиште за 7 растителни видови, единствено е наоѓалиште во Македонија за 12 ретки растителни видови а во границите на паркот се сретнуваат уште 33 видови растенија коишто се многу ретки во останатите делови на Македонија.Националниот парк Маврово е единствено наоѓалиште во републикава за 12 ретки растителни видови а во неговите граници се среќаваат уште 33 други видови на растенија кои се многу ретки во останатите делови од државава. Фауната на националниот парк Маврово исто така се одликува со значителна разноликост. Таа се состои од 140 видови птици, од кои, позначајни се: сивито сокол. орелот крстач. суриот (златен) орел, шумскиот ут. големиот був. ливадската еја. степската еја.  како и 11 видови водоземци, 12 видови на влечуги и 38 видови цицачи. Од цицачите најважни се: мечката. рисот. дивата коза и дивата мачка Рисот…
  •  Хидрологија и хидрографија 
 Целокупната територија на Заштитеното Подрачје Национален Парк Маврово, во основа е вклучена во сливното подрачје на реката Радика, Реката Радика нема некој покарактеристичен извор, туку неа ја формираат поголем број на мали поточиња, кои настануваат по страните и дното на циркот Горни Деф‐Велин Бег. Како извор на Реката Радика земен е еден помал водотек што се формира на северозапад од врвот Голема Враца, на Целокупната територија на Заштитеното Подрачје.Од хидролошки аспект, покрај реките, на територијата на Паркот се присутни и други хидролошки форми, од кои како позначајни акватични природни живеалишта (хабитатни типови) ќе ги споменеме изворите, ледничките езера и темпоралните локви, како и акумулацијата Мавровско Езеро. Во рамките на паркот постои еден од најсложените хидроенергетски системи ХЕЦ Маврово. Мавровскиот хидроенергетски систeм со трите централи ХЕ”Вруток”, ХЕ “Равен” и ХЕ “Врбен” и со вкупна акумулација од 277 милиони m3 вода претставува еден од најголемите и најсложените системи во македонскиот електроенергетски систем.
  • Клима

Заради специфичните физичко‐географски и орографски услови, според промената на климато‐лошките елементи во зависноста од надморската височина, на територијата на Паркот се присутни следните видови на клима:
• 600‐900 m: Подрачје со топла континентална клима, со средна годишна температура од 80C до 100C и просечна годишна сума на врнежи од 600‐800 mm.
• 900‐1,100 m: Подрачје со студена континентална клима, со средна годишна температура од 70C до 80C и просечна годишна сума на врнежи од 800‐900 mm.
• 1,100‐1,300m: Подрачје со подгорска континентална планинска клима, со средна годишна
температура од 5.50C до 70C и просечна годишна сума на врнежи од 900‐1,250 mm.
• 1,300‐1,650m: Подрачје со горска континентално ‐ планинска клима, со средна годишна температура од 30C до 5.50C и просечна годишна сума на врнежи од 1,250 mm.
• 1,650‐2,250m: Подрачје со субалпска клима, со средна годишна температура од ‐10C до 30C и
просечна годишна сума на врнежи од 1,250 mm.
• 2,250‐2,764m: Подрачје со алпска клима, со средна годишна температура од ‐50C до ‐10C и просечна годишна сума на врнежи од 1,250 mm.

 

  • Туризам
За туризам овој национален парк има што да ви понуди, доколку патувате до овој парк можете лесно да се снајдете за секоуја потребна информација во Информативниот Туристички Центар  се наоѓа во с. Маврови Анови, на главниот пат кој води во зградата на општината т.е на оддалеченост од околу 500 м. од браната во Маврово. Инфо центарот е сместен во нови простории а негова основна задача е да  прибира и ажурира податоци за туристичките капацитети во регионот, и истите точно и навремено да ги доставува до сите оние на кои истите им се потребни, а  тоа најчесто се туристи кои го посетуваат регионот, агенции, хотели, и други.
На листата туристички локалитети ги имате следните: Пештера Шаркова Дупка, Сафари Парк Бунец Репродуктивен центар за Европски елен. Ледничко езеро Локув, Излетнички локалитет “Горна Ледина„, Манастир Св. Јован Бигорски, Мост Еленски Скок, Водопад Дуф- .с. Ростуше, Мавровско Езеро, Излетничко место Бојков Кладенец, Околината на  с. Лазарополе. Многу значајно за националниот парк Маврово е присуството на зимскиот туризам, прекрасни зимски денови може да поминете на Ски центар Заре Лазаревски – Маврово, Алпско скијање, Турно скијање- Free ride skiing и др.
Исто така може да се прошетате и релаксирате а за тоа има многу убави ппатеки за пешачење некој од нив се: Инфо Центар – Врв Кожа – Врбен, Ниќифорово – Врв Сандакташ, Кружна патека над Маврово, Трница – Врбен, Патека до водопадот Дуф, Скудриње Врв Крчин – Битуше, Скудриње – Присојница – Аџиевци – Ростуше и многу други.
извор:
http://npmavrovo.org.mk/